Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија. МНР е во контакт со семејството на починатото дете.
Деталите прочитајте ги во продолжение.
ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Се удави 10 годишно девојче со македонско потекло
Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за настанот. Од МНР, е во редовна комуникација со семејството на починатото дете, со цел завршување на сите потребни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија.