Во оваа прилика, посочи Муцунски, „би сакал да го истакнам фактот дека веќе подолг временски период Македонија е предмет на постојани и тенденциозни напади, како и изјави и ставови со кои на најнепосреден начин е негиран нашиот суверинитетот, идентитетските одбележја, јазикот, како и историските и културни одбележја на македонскиот народ, но и на припадниците на другите заедници и на сите наши граѓани“.

Според пратеникот Муцунски затоа денес пратениците имаат можност од македонското Собрание да испратат гласна и јасна порака дека македонските граѓани и целото општество се целосно подготвени за итен почеток на пристапните преговори со Европската унија, но само доколку таквиот процес се заснова врз почитување на меѓународното право и принципи, европските вредности и на целосно рамноправна и принципиелна основа.

– Тоа што денес ќе го направиме е наш долг кон нашите предци и кон почитуваните граѓани на независна Република Македонија. Пред нас имаме Резолуцијата чија што содржина е целосно избалансирана, Резолуција што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на важните надворешно политички приоритети. Пред нас е резолуцијата чијашто содржина е добронамерна и со целосно позитен контекст и која може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Токму затоа со оваа Резолуција посакуваме да ставиме крај на постојано присутните тенденции на негирање на волјата на народот и на преговори без граници за теми и дилеми кои припаѓаат во вековите од далечното минато, кажа Муцунски.

Според него „штитејќи го македонскиот идентитет, преку ова оргинално дело на МАНУ и Универзитетот Св. Кирил и Методиј ја обврзуваме оваа Влада, но и секоја идна Влада“.

– Истовремено на македонската дипломатија и даваме цврста алатка во нејзините раце, со која на меѓународната сцена одговорно ќе се грижа за целосна заштита на македонскиот идентитет, повеќевековните историски традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, лингвистичко единство, етнокултурна посебност, колективен интегритет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор. Ова се нашите црвени линии, ова е тоа преку коешто никој ниту имал, ниту ќе има мандат да премине. Преку ова дело го поставуваме никулецот кој ќе ја воздигне нарушената гордоста на нашите граѓани, на нашата нација и држава, рече Муцунски.

Муцунски укажа дека со Резулуцијата јасно ќе се истакне ставот дека се завршени приказните за присутните постојани понижувања од минатото, и ќе се исполни долгот кон граѓаните, а и ќе се покаже дека Македонија е единствена во почитта кон славното минато, со поглед силно свртен кон иднината и остварувањето на непречениот развој и просперитет.

– Држава без свој идентитет е дрво без корен. Токму затоа, нашиот апел во овој законодавен дом e да престанеме со постојаните политички игри, и денес на 29 јули, 2021 година да покажеме дека сме подготвени да ги наминеме сите различитости кои се наше историско и оригинерно богатство, да покажеме дека нацијата е силна, а ние како претставници на граѓаните кои безрезервно ни ја дале довербата да ги претставуваме, на најнепосреден начин да покажеме разум, споособност, подготвеност за дијалог, рационалност и одговорност за автентично артикулирање на нивниот глас, заклучи Муцунски.