– Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат пет милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има, порача Груби во „Клик плус“.
Тој нагласи дека министерот за здравство Венко Филипче го информирал оти вакцините ќе пристигнат на почетокот на идниот месец. Според Груби, станува збор за 800 илјади вакцини од системот „Ковакс“ и 200 илјади вакцини од Кина, додека Македонија е во постојана комуникација со „Фајзер“, како и во процедура за набавка на вакцината „спутник V“.