Поранешниот вицепремиер и амбасадор, Ивица Боцевски, кој сега е автор на утринската емисија на Радио Лидер, преку својот фејсбук профил поставува реторичко прашање на кој јазик се потпишани сите досегашни договори помеѓу Македонија и Европската Унија?
-На кој јазик се потпишани сите досегашни договори помеѓу Македонија и Европската Унија?
Поточно, сите документи …
(реторичко прашање, нормално дека од првата Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, потпишана во 1996 година, па до денес сè што потпишала Македонија е потпишано на македонски јазик … можеби сега е потпишано на некој нов “чист македонски јазик”, различен од стандардниот македонски јазик), пишува Боцевски на својот фејсбук профил.