Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.