Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 се зголеми за 561.783 во претходните 24 часа, а во истиот период починале 8.196 лица.
Европа има најголем број на новозаразени случаи со коронавирус дури 207.369 лица или 36 проценти, следуваат Северна и Јужна Америка со 170.252 лица, потоа Југоисточна Азија со 118.051 новозаразени со Ковид-19.
Властите на Нов Зеланд денес објавија дека ќе ги укинат ограничувањата за патување во Австралија на 19 април.
Одлуката да се дозволи патување без задолжителен карантин меѓу двете соседни земји, кои покажаа добри резултати во борбата против пандемијата со Ковид-19, беше поздравен од голем број семејства кои беа поделени со пандемијата, но и од туристичките работници, соопштуваат агенциите.
Австралија претходно дозволи граѓани на Нов Зеланд да влезат во земјата без карантин, но властите на Нов Зеланд беа повнимателни и сакаа патниците од Австралија да поминат две недели во изолација.
САД се повеќе се плашат од можниот четврти бран на пандемијата Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на заразени со коронавирус расте.
Бројот на новозаразени се зголемува како што се интензивира кампањата за вакцинација.
Во Индија потврдени се 96.982 нови случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 12,7 милиони случаи на заразени со Ковид-19, покажуваат податоците на индиското Министерство за здравство.
Индија е на третото место во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД и Бразил и е четврта по бројот на смртни случаи.