Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал објави дека ќе ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри.
– Одлучив да не учествувам на Вимблдон и Олимписките игри во Токио оваа година. Секогаш е тешко да се донесе таква одлука, но откако го ислушав моето тело и разговарав со тимот, сфатив дека тоа е вистинското. Мојата цел е да ја продолжам кариерата и да продолжам да го правам она што ме прави среќен: да се натпреварувам на највисоко ниво и да се стремам кон професионални и лични цели. Паузата помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон е само две недели и не ми помага на моето тело да се рехабилитира од секогаш исцрпувачката сезона на глина. Моето решение е насочено кон среден и долг рок, изјави Надал.
Спортската превенција од какво било преоптоварување на телото е многу важен фактор во оваа фаза од мојата кариера, ако сакам да се натпреварувам на највисоко ниво и да се борам за главните титули, додаде Надал, истакнувајќи дека Олимписките игри отсекогаш биле од особено значење за него.