Девет луѓе првично биле исчезнати, а 11 спасени веднаш по превртувањето. Седум лица, по пребарувањето, се пронајдени мртви, а меѓу нив четири се деца.
Тие се удавиле откако туристички брод со 20 туристи се превртел на вештачко езеро во Централна Јава, објави денеска локалната полиција.
Началникот на полицијата на индонезиската покраина Централна Јава, Ахмед Лутфи, изјавил за медиумите дека несреќата се случила во саботата, откако сите патници се преместиле на предната страна на бродот за да направат „селфија“.
– Ќе ја продолжиме операцијата на спасување за да ги пронајдеме другите двајца исчезнати, рекол Лутфи.
Бродот го управувало 13-годишно момче, а пловилото не било снабдено со безбедносна опрема.
Управата на езерото ги игнорирала протоколите за ограничување на посетителите за време на пандемијата.