По силниот земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала кој денеска го погоди Еквадор потврдено е дека има и загинати.
Засега е потврдено дека животот го загубиле шест лица, меѓу кои и едно дете.Ројтерс јавува дека земјотресот се случил во морето недалеку од брегот на Еквадор, на длабочина од околу 75 километри.
Милиони луѓе го почувствуваа, а беше толку силен што се почувствува и во соседниот Перу. Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога врз нив се урна куќа во Макала.
Уште едно лице загина во градот Квинс кога врз неа паднало парче куќа додека била во нејзиниот автомобил.
Уште две лица загинаа во областа Балао. Во Пуерто Боливар, две згради, вклучително и музеј, се лизнаа во морето, но нема извештаи за загинати или повредени.