Ноќеска (9 јуни) во 3 часот и 5 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец М.Г. кој дваесетина минути пред тоа нападнал двајца вработени во тетовската Брза помош. Нешто подоцна, во врска со овој случај се пријавила и неговата мајка С.Г.(55). Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
