Радев рече дека на Бугарија и е потребна влада со силна волја и ги повика партиите на следното Национално собрание на Бугарија да ги прегледаат своите приоритети и да можат да изберат влада, бидејќи во спротивно земјата може да премине од политичка во институционална криза.

Претседателот на Бугарија денеска треба да почне консултации со парламентарните партии за нова Централна изборна комисија. Како што најави и претседателот Радев, тој ќе го распушти 45-то Национално собрание следната недела по назначувањето на новата ЦИК. Радев најави дека предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули.