Повеќе од 20 земјотреси ја потресоа областа јужно од Сплит од силниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Јадранското море попладнево.

Најсилниот од серијата земјотреси се почувствувал во Далмација и Италија, но не предизвикал материјална штета.

По него, регистрирани се повеќе од 20 земјотреси на Јадранот, каде што трите од нив биле со јачина од 4 или повеќе од 4, а шест зод потресите биле со јачина од 3-4 степени според Рихтеровата скала, пренесува ЕМСЦ.

Ова се вообичаени потреси по силниот земјотрес, пренесува Индекс.