Академската фела е исклучена од штрајкот на просветарите. Денеска наставата на факултетите на УКИМ се одвива без проблеми, согласно наставните распореди.

Претседателката на Независниот академски синдикат, професор Елена Џукеска вели дек засега НАкС нема донесено одлука за шрајк во високото образование. Тие како синдикат доставиле барање за средба со Министерот за образование и наука, каде најпрво намаса би сакале да ги образложат потребите за зголемување на платите во виското образование, како нужна последица по зголемување на минималната плата. Засега од МОН немаат добиено повратно дали нивното барање за средба ќе биде прифатено.

Овие денови се прават внатрешни консулатции со членството на НАкС по што синдикатот ќе излезе со конечна одлука дали ќе се штрајкува и во високото образование.


Лидер: Каква е состојбата на УКИМ. Дали се штрајкува?

-Ние немаме донесено сеуште никаква одлука за штрајк. И немаме информација дека СОНК има донесено одлука за штрајк во високото образование, туку одлуката е донесена за штрајк за основно, средно образование и штрај во детските градинки.
Ние во НАкС, повеќе пати баравме средба со Министерот за образование да разговараме за проблемите што ги предизвикува овој нов Закон за минимална плата за примената на нашиот колективен договор што го потпишавме лани. Не сме добиле досега покана за средба и сега во моментов и ние правиме внатрешна косултација кои би биле нашите следни чекори. Одлука за протест или штрајк во овој момент сеуште немаме донесено. Највројатно конктретен став за ова прашање би имале во наредните два, три дена кога ќе завршат консултациите.

Лидер: Нели побаравте во овој период додека се најавуваше штрајкот средба со лидерот на СОНК за да ги усогласите вашите барање како просветни работници од сите нивоа, основно, средно и високо образование и да се преговара за образованието како целина?

-Да апсолултно. Комуницираме ние со СОНК, секако и соработуваме, меѓутоа кажувам дека до сега напорите за разговор со министерот за образование на тема високо образование не вродиле со плод. Што значи дека ако и понатаму тоа така остане, не ни преостанува ништо друго освен да иззлеземе и ние на протест. Но не сакам сеуште ништо да преудицирам се дури не завршат нашите внатрешни консулатции.

Лидер: Сепак вие ја чеката процедурата, најпрво средба со Министерот, па зависно од исходот одлука за или против штрајк?

-Се разбира дека секогаш сакаме да дадеме предност на шансата за разговор. Меѓутоа ако се исцрпат тие можности следува тоа што е неминовно. Тоа е јасно дека мора да реагираме. Проблемот е во тоа што ова покачување на инималната плата, кое е за поздравување само за себе, де факто прави проблем ако не се проследи линеарно и на другите работни позиции и места.