Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.
Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање.
-Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот, рече Николоски.
Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи.
-Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени, кажа Николоски.
-Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција, изјави Николоски.
Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има.