Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и постави прашање зашто не не се направил договор со Бугарија, сличен на Преспанскиот договор, кој го реши спорот со Грција.
Зошто немаше договор со Бугарија сличен на Преспанскиот договор?
Николоски изрази незадоволство од тогашните носители на власта, Заев, Димитров и Шеќеринска, наведувајќи дека во времето кога беше потпишан Преспанскиот договор со Грција, не се преземени слични чекори за решавање на спорот со Бугарија. Според него, тоа е пропуштена можност за забрзување на европските интеграции.
„Се однесуваат како да не учествувале во процесот, без срам и одговорност. Прашањето е зошто не гледале подалеку и не побарале сличен договор за ЕУ, како што го направија со Преспанскиот договор?
„До кога ќе се бараат нови услови по Преспанскиот договор?“
Министерот ја изрази својата фрустрација со постојаните барања за нови отстапки за европските интеграции. Николоски праша „колку уште услови ќе треба да се исполнат“, алудирајќи на тоа дека по Преспанскиот договор, постојано се бараат нови компромиси, без јасна перспектива за напредок.