– СДСМ е на власт осум години во општина Центар, ова е веќе трет кандидат кој го вадат на избори што само покажува дека не се сигурни во изборот кој го прават, во 2013-та беше Жерновски, па во 2017-та година го кандидираа Богдановиќ, а сега имаат трет кандидат, дете на транзициската олигархија, а да биле добри ќе ги кандидирале и по втор пат, што само по себе укажува дека СДСМ е свесна дека во Центар не успеале да реализираат она што ветиле, истакна Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешната изјава од Центар.

Во едно од ветувањата беше и мораториум за градба, а во услови на мораториум за градба во рок од две години, се издадени 479 дозволи за градба во општина Центар, од најмали проекти до огромни згради и така настанува еден урбанистички хаос кој сега се случува како во Капиштец или хаос околу Олимпискиот базен, а во најава има три огромни кули кои треба да се случат кај Холидеј ин, како и реализација на над 50-тина згради кај Треска, што само зборува дека власта имала нечесен однос кон ветувањата за граѓаните на Центар, посочи Николоски.

Николоски вели дека власта во Центар јубилејно по осми пат се обидуваат да ветат дека ќе изградат градинка којашто никако да ја изградат, па затоа после вакви ветувања нужни се промени во Центар кои ќе значат едно ново водство од Наташа Котлар којашто заедно со тимот во Центар ќе ги менува работите конечно.