Николоски вели дека како Претседател на групата за соработка на Македонијаи Франција ќе оствари средба со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.

-Во рамки на посетата ќе учествувам во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем. Исто така ќе остварам средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претставам можностите за инвестирање во Македонија. На средбите ќе ги запознаам соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори, состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени. Ќе побарам Македонија да отпочне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, информира Николоски на Фејсбук.