Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 8.4.2024 година.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари по литар, додека цените на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе биде 86,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 88,5 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло ќе се продава по 77,5 денари, што значи поскапување за половина денар.

Се намалува цената на мазутот за 0,9 денари, и од полноќ ќе се продава по 44,3 денари по килограм.