Горан Јордев, познат како Горан Гурла е бизнисмен од Штип близок до власта, кој во изминатите години доби огромни бенифиции за време на владеењето на СДСМ. Но, освен бизнисот и блискоста со власта, Јордев ужива да вози со огромни брзини со своето Порше и да се заканува на социјалните мрежи.

Самиот штипјанец на социјалните мрежи постави видео на кое се гледа дека со своето Порше вози 320 на час. Денеска излезе ново видео каде се гледа тој како вози повеќе од 300 на час.

Ова претставува прекршок за кој според македонското законодавство се одзема возачката дозвола.

Освен тоа, овој штипски бизнисмен добива пари од Фонд за иновации и гради трговски во Штип. Останува да видиме дали законите ќе важат и за него и дали за ова ќе му се одземе возачката дозвола. Од инфорамициите до кои успеа да дојде нашата редакција, Горан Јордев е близок и со власта.