Марго Роби живее во светот на „Барби“. Како дел од собирот „Синема-кон“, којшто се одржува во Лас Вегас, „Ворнер брос“ ја сподели првата фотографија од глумицата во улога на култната кукла на „Мател“, како и датумот на првите киноприкажувања.
Филмот режиран од Грета Гервиг, ќе биде објавен на 21 јули 2023 година, соопшти студиото. Во него ќе глумат и Рајан Гослинг како Кен, Иса Рае, Вил Ферел, Кејт Мекинон, Симу Лиу, Мајкл Сера и Америка Ферера.
Претходно, улогата на Барби требаше да ја игра Ејми Шумер, која потпиша договор за филмот во декември 2016 година, но по неколку месеци се откажа поради „преполн распоред“.