Веќерва на полноќ патарините во Србија ќе поскапат за 10 отсто. „Патишта на Србија“ има нов ценовник според кој цените ќе бидат поскапени.

Српскиот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ го соопшти новиот ценовник и додаде дека ќе се формира комисија за наплата.

Еве ги новите цени:

Од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари, а од Белград до Димитровград 1.670 динари.

Од Белград – Суботица ќе биде 800 динари, а од Белград до Шид 500 динари.

Од Обреновац до Прељина новата цена ќе биде 560 динари.

Од Белград до Врбас ќе платите 470 динари, а од Белград до Баточина 500.

Србите негодуваат

Србите негодуваат, велат дека ќе плаќаат поскапи патарини од Хрватска и велат дека поскапувањето е неосновано. Министерот вели дека овие цени ќе важат до крајот на септември кога ќе се направи нова реконструкција.