Според податоците, во изминатите 24 часа на овие места наврнале 21 литар на метар квадратен.
Во Крива Паланка има наврнато 20 литри на метар квадратен, во Ѓуриште – 19, Куманово – 16, Маврово и Битола – 15, Скопје – Петровец – 14, Тетово – 13, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Виница – 12, Демир Капија и Струмица – девет, Дебар – осум, Претор, Тополчани, Гевгелија, Дојран – седум, Прилеп и Берово – пет, Охрид – два литра на метар квадратен.
Под влијание на поголема влажна воздушна маса, утре ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер.
Во понеделник, како што информира УХМР, ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност.