Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека.
Велика Британија ја намали побарувачката за оваа вакцина, која се дава во една доза, поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта.
Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините, а Владата потенцира „досега невидена брзина и обем на имунизација“.
– Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината), изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.
Вакцината на Џонсон и Џонсон е одобрена во САД и Европската унија, каде што се забележани ретки случаи на згрутчување на крвта и се вршат анализи.