Недостигот на вода и сушите може да му наштетат на светот, а ризиците рапидно се зголемуваат со зголемувањето на температурите низ целиот свет, се вели во извештајот на ОН.

„Сушата може наскоро да стане следната пандемија и нема вакцина за тоа“, нагласи на денешната онлајн прес-конференција Мами Миѕутори, специјална претставничка на ОН за намалување на ризикот од катастрофи.

Таа рече дека сушата веќе предизвикала најмалку 124 милијарди американски долари економски загуби и влијаела на животот на повеќе од 1,5 милијарди луѓе помеѓу 1998 и 2007.

Може да се тврди дека глобалното затоплување ги влоши сушите во јужна Европа и Западна Африка, се вели во извештајот. И, ако светот не реагира, бројот на жртвите од катастрофата „драматично ќе се зголеми“, предупреди претставничката на ОН.

Околу 130 земји би биле изложени на голем ризик од суши поради висок и смисии на штетни гасови. Други 23 земји би се соочиле со недостиг на вода, а други 38 се изложени и на двата ризика.