Учествува Оперски ансамбл од Осиек, Хрватска, диригент и продуцент е Берислав Јерковиќ – Хрватска, се солисти се Маријо Крниќ, Манос Kристофакакис, Ања Папа, Љубомир Поповиќ, Ива Херман, Катарина Шариќ, а пијано придружбата е на Анте Блажевиќ. Костимограф и сценограф е Анамарија Шербетар.
Оперската претстава ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници (на страната karti.com.mk и на самиот влез на објектот пред настанот) по цена од 200 денари.
„Опера Паноника“ е оперскиот ансамбл од Осиек е основан во 2010 година. Ансамблот се состои од музички уметници од Осиек, професори по музика како и многубројни гости од земјата и од странство (Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Јужна Африка, САД, Германија, Италија, Израел, Швајцарија, Канада,…) Покрај целосни сценски оперски изведби, ансамблот изведува и концертни перформанси на опери и оперски дела. Исто така, изведува и други видови на вокална литература (кантати, ораториуми, соло песни,…) Од најзначајните оперски наслови вреди да се спомнат изведбите на операта „Дидо и Енеа“ (Персел), „Никола Шубиќ Зрински“ (Зајц), „Џани Скики“ (Пучини), „Боеми“ (Пучини), оперетата „Лилјакот“ (Штраус Помладиот), потоа „Така прават сите“ (Моцарт), „Љубовен напиток“ (Доницети), „Свадбата на Фигаро“ (Моцарт) како и бројни концертни изведби. Ансамблот соработува со домашни и странски гости, како и со следните институции: Академија за уметности во Нови Сад, Факултет за музички и визуелни уметности во Печ, Музичка Академија Љубљана, „Westminster Choir College“, Принстон (САД), со диригентите Симон Петер Дешпаљ, Балаш Кочар, Андреј Бурсаќ, како и со многу вокални солисти.
До сега, ансамблот има гостувано во Печ, Сараево, Белград, Скопје, Битола, Сплит, Хвар, Котор, Грожњан, Умаг, Ѓаково, Валпово, има настапувано во музичкиот центар Гарнериус (Белград), на фестивалите Хварско лето, Осиечко културно лето, Сараевска зима, Скопско лето, БитФест, концертна сезона во Котор, Печ – европски град на културата, Лето Валповачко, Штипско културно лето, во рамки на програмата Музичка младина на Хрватска,… Режисери на наведените претстави се Роберт Рапоња, Иван Лео Лемо и Берислав Јерковиќ.
Во полн состав ансамблот брои 15 вокални солисти, 20 члена во хор, и 30 члена на оркестарот коишто заедно составуваат оперски ансамбл, кој во текот на само неколку години дејствување веќе влезе во мапата на културните настани, претставувајќи ги својот уметнички квалитет и потенцијал, не само на домашната, туку и на странската публика. Уметнички директор на ансамблот е проф. д-р Берислав Јерковиќ.