Дванаесет противпожарни возила и околу 80 пожарникари се справуваат со пожарот во облакодер на плоштадот „Свети Марко“ во Бромли, јужен Лондон.

Лондонските пожарникари известија дека гори петсобен стан на 15-ти кат од 17-катен облакодер. Гори и дел од покривот.

Тие додаваат дека добиле 95 повици од граѓани кои им се јавиле за пожарот.

Екипите за противпожарна заштита користат вртлива скала од 64 метри за да го изгаснат пожарот.

Причината за пожарот не е позната.