Кабинетот по информатика во основното училиште „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров опремен со 30 нови компјутери.

„Во ООУ „Мирче Ацев“ обезбедивме 30 нови персонални компјутери, со што за првпат се создава можност секој ученик да работи на свој компјутер во кабинетот по информатика“, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во објава на Фејсбук.

Тој воедно посочи дека со ова, учениците добиваат подобри услови за настава и можност да ги развиваат своите дигитални вештини, како и дека ќе продолжат со подобрување на условите за настава во училиштата во општината.

До крајот на годината, Стојкоски најави дека сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат современи кабинети по информатика.