Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе.
За време на посетата, Лукровски разговараше со раководствата и вработените во двете градинки. Беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат.

Од Општина Карпош информираат дека целта на средбата била проблемите да се согледаат директно на терен и, во соработка со вработените, да се утврдат потребните чекори за подобрување на условите.
„Градинките се места каде што децата поминуваат значаен дел од денот и затоа мора да се обезбеди безбедна, чиста, функционална и пријатна средина за секое дете“, посочуваат од локалната самоуправа.

