Денес министер за надворешни работи, Бујар Османи, во одговор на прашање на БГНЕС уште еднаш го осуди нападот врз Христијан Пендиков. Тој рече дека Македонија ќе се погрижи да има нулта толеранција за такви напади и дека ќе се погрижи да се создаде ваква атмосфера на нулта толеранција над насилството, особено кога е меѓуетничко.

Според министерот Османи тоа што многу често во Македонија го нарекуваат „Бугар Османи“ е тип на примитивизам во РМ кој води до насилство како она против Христијан Пендиков.

„Јас сум одговорен за работата на институциите и владата и ве уверувам дека институциите ќе направат се за да се создаде атмосфера на нулта толеранција за провокации и насилство врз која било заедница во Република Македонија поради нејзиниот идентитет, кажете го ова од името на државата“, изјави Османи.