Клубовите за учество само ќе добијат 350 милиони евра, додека уште не се знае со кој ќе биде потпишан договора за ТВ-правата, каде што сумата може да достигне и до четири милијарди евра.

Во документот пишува дека 15 клубови ќе поделат по 32,5% од парите кои им следуваат од комерцијални приходи, додека уште 32,5 проценти ќе поделат сите 20 тимови.

Околу 20 проценти од парите ќе им бидат поделени на основа на резултатите во самото натпреварување, додека последните 15 проценти ќе ги добијат на основ на тоа колку публика ќе ги следи преносите.