Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Индустриска 1/25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица , вклучително објектите на Фон и Офис Плус. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска, поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Рокомија 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со санација на дефектот.