Еден германски играч на лотарија ги погоди сите добитни броеви и освои неверојатни 50 милиони евра!

Среќниот добитник правилно ги одигра броевите 3, 15, 20, 32, 33 и 42, како и Супер бројот 4.  Ова го објави Лото Бремен.

Џекпот штотуку го достигна својот максимален износ кога еден среќен играч освои неверојатна сума.

„Ова е трет пат оваа година да се освои максималниот џекпот.“, изјави за Билд, портпаролот на Лото Мекленбург-Западна Померанија

Двајца луѓе од Долна Саксонија и едно лице од Хесен ја поделија наградата од 50 милиони евра на 19 август, додека на 15 август лице од Тирингија го освои максималниот џекпот.

Во втората категорија добивки, имаше и добитници за шест погодени броеви. Еден играч од Мекленбург-Западна Померанија освои околу 1,6 милиони евра.