Горан Пандев на последната прес-конференција во дресот на Македонија пред мечот со Холандија во Амстердам беше расположен за шега. Најдобриот македонски играч направи шега на адреса на Кока Кола, како што прават многумина на ова ЕП.
Напаѓачот додека доаѓаше со селекторот Игор Ангеловски му кажа „да ги тргнеме Кока Колите, да ставиме Струмка!?“, алудирајќи на познатиот македонски пијалок. Ангеловски се насмевна, а откако двајцата седнаа на столчето, добија предупредување.
Портпаролот на ФФМ им кажа дека целата прес-конференција се снима, а Пандев и Ангеловски го проследија тоа со насмевка.