-Заболените со цистична фиброза немаат ниту модуларна, ниту инхалациона терапија. Како држава имаме потфрлање и два месеци го нема лекот кој е дел од модуларна терапија, а министерот Филипче на почеток на јули рече дека ќе го има за една недела сега е крај на јули. Нема лекови и од инхалационата терапија за цел јули нема терапија, а се шпекулира дека тендерот ќе заврши тендер во август. Ова е лоша грижа за пациентите од ова ретко заболување, рече Пецаков.
Пратеникот се осврна и на констатациите на Стејт департментот според кој има корупција во високи ешалони, а премиерот Заев рече дека е сконцентрирана кај третиот и четвртиот ешалон. Дали со ова Заев го охрабрува првиот ешалон, праша Пецаков.
-Стејт департментот имаше обвинувања за корупција во полиција, судство, дека не се пишуваат законите врз основа на анализи и се користи кратка постапка за усвојување на истите, дека има правна непредвидливост, нетранспарентни јавни набавки, дека одговараат „ситни риби“. Извештајот го потврдува она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ, рече Пецаков кој се осврна на низа на примери на лица од семејството Заеви кои се фатени на дело со криминал, а не се повикани ниту на разговор од надлежните институции.
Пратеникот се осврна и на полењето на јавниот сектор со нови вработувања и тоа пред избори прашувајќи го премиерот Заев:
-Дали планирате да се борите со превработеноста во јавниот сектор со партиски војници, дали ќе прекинете со предизборен поткуп и партизација и приватизација на јавниот сектор. Треба да вработувате професионалци.