Пешак е потешко повреден во сообраќајка што се случила вчера на улицата „Климент Охридски“ во Струмица.

Според полицијата, патничко возило „мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од село Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица.

Повредениот бил пренесен во струмичката болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Струмица.