Имено, како што пишува Митески, градоначалникот Златко Марин во 2017 година вети изградба на нова гиманзија во Аеродром, а како што додава тој, за градоначалникот да биде поубедлив во лажењето смислил и име „Кузман Јосифовски – Питу“. Но во документ од пратенички прашања во Собранието, кој го сподели Митевски, од министерството за образование, од 26 мај годинава, се вели дека гимназијата ја нема заради тоа што општината не доставила барање.
-Изгубени во лагите. Златко Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром. Да биде поубедлив во лажењето, смислил и име “Кузман Јосифовски – Питу”. Мила Царовска во 2021 година вика дека гимназија нема, општината не доставила барање. Накратко, ве лажевме, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.
Митевски додава дека е сигурен оти СДСМ и во 2021 година, пред локалните избори, повторно ќе го вети овој проект. Но исто така, вели тој, убеден е дека од позиција наопозиција нема да имаат можност да го реализираат затоа што Аеродром ќе добие нов градоначалник.
-Златко Марин ќе го заврши овој четиригодишен мандат со 0 (со букви: НУЛА) капитални проекти. А обвинувал дека претходно многу малку се реализирало. Златко, 0 поделено на 4 е НУЛА. Ете толку сработи овие четири години, пишува Митески во својата објава.
Изгубени во лагите.
Златко Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром. Да биде поубедлив во…
Posted by Дејан Митески on Monday, June 21, 2021