Љупчо Златев ослободен од обвиненијата

Новинарот Љупчо Златев преку објава на Фејсбук соопшти дека по пет години судска постапка е ослободен од обвинението за оддавање службена тајна. Според него, Обвинителството за организиран криминал и корупција утрово се повлекло од обвинението, со што процесот против него е завршен.

„Соочени со фактите, на рочиштето утрово од ОЈО Скопје се повлекоа од обвинувањата за оддавање на службена тајна по член 360 од кз на РМ. Имено, поучени од одлуките на европскиот суд за човекови права, извештајот на Стејт Департментот во кој бев споменат и фактичката состојба презентирана од од мојот грнијален адвокат – обвинителите одлучија да го повлечат обвинението“, напиша Златев.

Обвинувања за политички прогон

Во објавата, Златев тврди дека целиот процес бил „нарачан, оркестриран и спроведен“ од страна на поранешниот премиер Зоран Заев, Виктор Димовски и, како што наведува, „длабоката држава во обвинителството“. Тој ги обвини за неправеден прогон изминатите години.

Прослава со адвокатот и поддршка од јавноста

„Обично не пијам, најмалку пијам наутро. Но ова утро мора да прославам заедно со мојот кум и адвокат Драган Стари Пешевски“, напиша Златев. Тој додаде дека благодарност должи на сите кои му дале поддршка во текот на процесот.

Статусот на Златев го пренесуваме во продолжение: