Филип Фидановски, в.д. директорот на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје поднесе неотповиклива оставка.
Повеќе од една година траеја протестите на дел од вработените кои обвинуваа дека тој е незаконски поставен за в.д. директор и оти не ги исполнува условите.
Давам оставка, пред сè, поради големиот притисок на дел од вработените на кои воопшто не им е гајле ниту за ученциите, ниту за образовниот процес во нашето училиште, пишува Фидановски во неотповикливата оставка упатена до министерката за образование и наука, Мила Царовска.