– Свесни сме за шпекулациите околу видео клипот со победниците од Италија во Зелената соба, синоќа. Групата одрече дека користеле дрога и пејачот ќе направи доброволен тест кога ќе се врати дома. Тоа беше побарано од нив синоќа, но не можеше да се спроведе веднаш. Групата, нивниот менаџер и шефот на делегација нѐ информираа дека во Зелената соба немало дрога и објаснија дека била скршена чаша на нивната маса и дека пејачот ја исчистил. ЕБУ може да потврди дека скршена чаша била најдена при проверка на нивната маса. Сѐ уште ја гледаме снимката внимателно и ќе ве информираме со нови информации во догледно време – рекоа организаторите на Евровизија (ЕБУ).
-Ние сме против дрога и не сме користеле кокаи никогаш. Спремни сме да се тестираме, зашто нема што да криеме, напиша групата.
На прес конференцијата по прашањето од шведскиот новинар дали конзумирал кокаин пред камерите во Зелената соба додека се чекале резултатите од гласањето, Дамијано објасни дека гледал надолу затоа што гитаристот Томас Раги скршил чаша.