Кариера

Роден во Сент Џон, Канада во 1935 година, тој едвај преживеа низа болести, вклучително и полио. Тој првично работел како радио репортер пред да замине во Англија да студира на Лондонската академија за музика и драмска уметност. Во својата кариера, која траеше шест децении, тој учествуваше во речиси 200 филмови и ТВ продукции. Меѓу нив се класиците како „Воена теренска болница“, „Хероите на Кели“, „Обични луѓе“, „Клут“, „Не гледај сега“, „ХХ век“, „Казанова од Федерико Фелини“. Меѓу помладата генерација, тој е популарен по улогата на претседателот Сноу во трилогијата „Игри на гладта“.

Сепак Сатерленд остана без Оскар

Доналд Сатерленд важи за еден од големите актери кои никогаш не добиле ниту една номинација за Оскар, иако е добитник на Еми и Златен глобус. Запоставувањето од страна на Академијата продолжи до 2017 година, кога му беше доделен почесен Оскар.

На почетокот на оваа година беше објавено дека актерот пишува свои мемоари, кои треба да излезат оваа есен и се насловени „Измислено, но вистинито“.

Фамилија

Тој е татко на четири сина и една ќерка. Едно од неговите деца е исто така познат актер – Кифер Сатерленд, популарен по улогата во серијата „24“. „Лично мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата“, напишал неговиот син во својот некролог. „Никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или зло. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше она што го сакаше – и не можеше да бараш повеќе од тоа.