Тозовац е роден на 22 јануари 1936 година во Краљево. Неговиот татко Светозар-Тоза бил познат предвоен хармоникаш по кого го добил прекарот Тозовац.

На хармониката што му ја остави татко му, Тозовац, за да заработи за живот, започна да свири на само 10 години. Покрај хармоника, тој научи да свири и тапани и труба. Заврши средно училиште и студираше економија.

Неговата голема популарност започна на почетокот од 70-тите со неколку фестивалски победи и хитови.

Во 1972 година, тој ја отпеа песната „Еремија“, која тогашните комунистички власти ја класифицираа како четничка песна, поради што беше принуден да се засолни кај пријателите во Германија. По две години, тој се враќа во Србија, властите му го одземаат пасошот, но Тозовац останува миленик на публиката и продолжува да пее.

Во 2018 концерт одржан по повод шеесетгодишнината од радиотелевизијата на Србија, беше награден со Златен микрофон на Радио Белград.

Местото и времето на погребот на Тозовац ќе бидат соопштени подоцна.