Уште три региони од северниот дел на Грција од денеска се во црвената зона со полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во пет региони во кои беа воведени минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Ксанти, Драма и Касторија се префрлени во црвената категорија, а мерките се продолжени во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона, во областите Иматија, Пела и Кавала во северна Грција, како и во Арголида на Пелопонез.