Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.
Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.
Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.
Засега, освен помала материјална штета на домови и возила, во невремето во Грција нема жртви или повредени.