Поради дефект на водоводната мрежа во населба Карпош- Кланица, има прекин во водоснабдувањето.
Екипите на ЈКП Водовод-Битола се на терен, и работат на побрза санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод.

Исто така од ЈП Водовод информираат дека поради дефект на водоводната мрежа на ул.Климент Охридски, има прекин во водоснабдувањето.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот, велат од таму.