Методот, како и многу луѓе, го испробала и Ајн Линч од Британија. Ја видела на телевизија, а откако водителот го сторил тоа успешно, Ајн решила да го испроба истото – и завршила во болница. Имено, јајцето експлодирало кога ја извадила чашата од микробранова печка и водата ја испрскала по лицето, вратот и градите! За среќа, во близина бил нејзиниот сопруг, кој веднаш ја полил со ладна вода и ја однел во болница.

– Ја научив лекцијата дека не треба да следам вакви трикови. Ќе помине некое време пред повторно да бидам своја и само се надевам дека нема да ми останат трајни лузни. Се чувствувам лошо веднаш штом помислам дека можев да го држам бебето во раце. Бидете внимателни, им порача Линч на сите преку својот Фејсбук профил.

Инаку, јајцето може да експлодира затоа што жолчката се шири кога се загрева, но ја држи мембрана која, под одредени услови, може да пукне. За да се спречи ова, мембраната на жолчка може да се пробие пред јајцето да се стави во микробранова печка.