Премиерот Мицкоски во увид на градежни активности во Општина Петровец

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид на градежните активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Според информациите од владината прес-служба, овој проект опфаќа изградба на пат во должина од 2.400 метри, за кој средствата се обезбедени од Владата преку унгарски кредит во износ од 12.200.000 денари.

Доизградба на детска градинка во завршна фаза

Покрај патниот проект, започната е и доизградбата на детската градинка, втора и завршна фаза, со капацитет за згрижување на 70 дечиња. Средствата за овој проект, исто така, се обезбедени од унгарскиот кредит во износ од 9.470.000 денари.

Премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите по извршениот увид.