По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и дали летово ќе одмара и каде ќе го искористи годишниот одмор.

Тој откри дека нема да има класичен одмор.

Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел, откри Мицкоски.