Премиерот на Република Македонија Христија Мицкоски утре ќе ја посети ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

-Ве известуваме дека утре 11.09.2025 година (четврток) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на реконструкција и адаптација на оперативен блок и интензивна нега со пропратна содржина во ГОБ „8 Септември“, Скопје.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, информираат од прес службата на владата.