Пендаровски вчера се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржа во Анталија.

На маргините на Самитот, тој се сретна со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, како и со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.

Шефот на државата денеска учествува на Анталија дипломатскиот форум, што се одржува првпат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, на кој ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.