Во објавата на министерот Филипче се вели дека во следните денови вакцинацијата ќе добија ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.

– Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, порача министерот Филипче.

Вакцини

Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, што ги купивме преку КОВАКС механизмот. 👉 Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок.

Posted by Венко Филипче on Friday, June 25, 2021